Упатство за користење

КОНТРОЛЕН ПАНЕЛ

КОНТРОЛЕН ПАНЕЛ-  Во контролен панел може да ги видите сите ваши состојби и нивниот број.

ДЕПОЗИТ НА РАСПОЛАГАЊЕ- моментална состојба на вашиот депозит/средства.

ВКУПНО УПЛАТЕН ДЕПОЗИТ- вкупниот депозит/средства кој сте го уплатиле од денот кога сте ја креирале сметката до денес.

ВКУПНО ПОВЛЕКУВАЊЕ-  износ на направени повлекувања во вашата банка од DepositHouse сметката.

ДОГОВОРИ ВО ОЧЕКУВАЊЕ- износ и број  на договори пратени до контакти кои треба да се прифатат.

ОДБИЕНИ ДОГОВОРИ- износ и број  на договори кои сте ги понудиле на контакти,кои не биле прифатени.

ДОГОВОРИ ВО ТЕКизнос и број  на договори кои се прифатени и очекуваат исполнување на условите.

КОМПЛЕТИРАНИ ДОГОВОРИ- износ и број  на договори вашиодобрени договори.

ИСПЛАТЕНИ ДОГОВОРИ- износ и број  на договори кои сте ги направиле,одобрил и исплатиле.

ПРИМЕНА ИСПЛАТА- износ и број  на договори кои сте ги прифатиле, завршиле и ви биле исплатени.

СПОР ВО ТЕК- износ и број  на моментални договори  за кои спорот е во тек на решавање.

РЕШЕНИ СПОРОВИ- износ и број  на спорови за кои има постигнато конечно решение и се завршени.

ПОДРШКА- број за колку пати сте побарале подршка.


ДОГОВОРИ И КОНТАКТИ

НАПРАВИ ДОГОВОР

НАПРАВИ ДОГОВОР- тука можете да направите договор.Во прозорецот треба да ги внесете сите детали за договорот кој сакате да го направите.

ЧЕКОР 1- НАСЛОВ НА ДОГОВОРОТ- наслов на вашиот договор.

ЧЕКОР 2- НАВЕДИ УСЛОВИ- тука треба да ги наведете сите услови кои продавачот е должен и мора да ги исполни за комплетирање на договорот.

ЧЕКОР 3- ИЗНОС НА ДЕПОЗИТОТ-тука треба да го наведете износот на договорот.

ЧЕКОР 4- СЕЛЕКТИРАЈ КОНТАКТ-  тука треба да одберете контакт (продавач) со кој сакате да го склучите договорот. Доколку контактот не е додаден во вашата листа, можете да кликнете на знакот + за да го додадете.

ДОДАЈ КОНТАКТ(И) - ЛИСТА НА КОНТАКТИ

Тука можете да додавате контакти кои веќе имаат направено DepositHouse сметка, за правење на  иден договор или пак да ја погледнете башата листа на претходно додадени контакти.

ДОДАЈ КОНТАКТ ЗА ИДНА ТРАНСАКЦИЈА- тука моќете да додате контакт со што во полето се внесува корисничко име, емаил или телефонски број на корисник кој има креирано DepositHouse сметка.

ЛИСТА НА КОНТАКТИ- листа на претходно додадени контакти.

МОИ ДОГОВОРИ

Тука можете да ги погледнете детално сите договори кои сте ги направиле претходно.


ТРАНСАКЦИИ

Во овој дел можете да ги погледнете сите детали за вашите плаќања и примања.


УПЛАТА

УПЛАТИ (ДОДАЈ) ДЕПОЗИТ

Тука можете да додате депозит/средтства во вашата DepositHouse сметка.

ПРЕСМЕТАЈ И УПЛАТИ- во овој дел најпрво можете да пресметате колку ќе ве чини додавање на средства со банкарските провизии.

ИЗНОС- Во ова поле се внесува посаканиот износ, или износот кој сакате да го имате на вашата DepositHouse сметка.

ОДБЕРИ ПЛАЌАЊЕ- тука се одбира начинот на плаќање, односно додавање на средтства на или во вашата DepositHouse сметка. Можете да одберете еден од понудените начини.

Во зависнот од начинот на плаќање кој ќе биде избран, зависи и големината на банкарските провизии.

ПРОВЕРИ- ова копче служи за проверка на вкупната сума со вклучена банкарска провизија, колку изнесува таа трошок провизија, и кој е лимитот на селектираниот начин на плаќање.

ПЛАТИ- Ова копче е за плаќање, кое ќе ве пренасочи кон страната за плаќање.

ИСТОРИЈА НА УПЛАТИ НА ДЕПОЗИТИ

преглед на сите ваши уплати на средства на вашата DepositHouse сметка, кои сте ги направиле.


ПОВЛЕКУВАЊЕ

Тука можете да ги повлечете вашите средства од вашата DepositHouse сметка во вашата банка.

ПОВЛЕЧИ- Кликнете на копчето повлечи за да бидете пренасочени кон прозорецот за повлекување.

ИЗНОС- Во ова поле се внесува посаканиот износ, или износот кој сакате да го повлечете од вашата DepositHouse сметка на вашата банкарска трансакциона сметка, па кликнете следно.

ИФОРМАЦИИ ЗАПОВЛЕКУВАЊЕ- тука се пополнуваат полињата со информации за повлекувањето.

ИМЕ НА ВАШАТА БАНКА-Внесете го името на банката во која ги повлекувате вашите средства.

БРОЈ НА ТРАНСАКЦИОНА СМЕТКА- Бројот на трансакционата сметка на која ќе се повлекуваат средствата.

ИСТОРИЈА НА  ПОВЛЕКУВАЊА- преглед на сите ваши повлекувања кои сте ги направиле.